Протестанти ја пречекаа на црвениот килим: Џенифер Лопез, престани да носиш вистинско крзно!

10 септември 2019

Џенифер Лопез ја пречека непријатна ситуација на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Торонто, како дел од промотивната турнеја за филмот „Hustlers“.

Покрај вообичаените процедури и позирањето пред фото објективите, пејачката и актерка се соочи со шокантна ситуација што го наруши стандардниот тек на црвениот килим.

За време на церемонијата се појавија протестанти, активисти за заштита на животните, кои со скандирања и пароли упатени кон Џенифер, ѝ укажаа на нивниот револт поради тоа што таа носи вистинско крзно.

„Џеј Ло мрази животни", „Џеј Ло престани да носиш вистинско крзно", беа само дел од паролите со кои Лопез беше принудена непосредно да се соочи.

Поради ваквиот склоп на околности, беше принудена побрзо да го напушти настанот.

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.123 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез