Провокативни креации на црвениот килим на amfAR галата

8 февруари 2018

Со почеток на модната недела во Њујорк за сезона есен-зима 2018/19, се очекува и одржувањето на традиционалната amfAR гала.

Оваа година настанот се случи по 20-ти пат, а на него присуствуваа голем број познати личности од светскиот шоу-биз. Но, нема да згрешиме ако кажеме дека и овој пат најбројни беа моделите.

Гала вечерата е од хуманитарен карактер, па секоја година се собриаат средства за фондацијата за подигнување на свеста и истражувањата во однос на сидата.

Квин Латифа и актерката Тараџи П. Хенсон беа дел од познатите кои одржаа говор. Квин Латифа зборуваше за темата #BeEpic, а Тараџи за капмањата против пиењето и генерално алкохолизмот.

На страна од овој официјален дел, повеќе се зборуваше за тоа како изгледаа гостите. На црвениот килим доминираше провокативноста. Од длабоки шлицеви, до длабоки деколтеа, познатите дами не стравуваа да ја покажат својата смела страна, кога е изгледот во прашање.

Хајди Клум е често на мета на модните критичари, но овој пат изгледа погоди во центарот и тоа со креација од последната колекција на Зухаир Мурад.

Меѓу оние што оставија впечаток се и Оливија Кулпо која се појави во вечерна тоалета со длабок шлиц и сребрен светкав горен дел.

Olivia Culpo in Redemption

Ако зборуваме за провокативност, тогаш наградата за таков стајлинг оди кај пејачката Холси, која на црвениот килим се појави со асиметричен фустан кој откри дел од нејзините интимни делови. На сцената пак се појави во транспарентен комбинезон, кој едвај ги задржуваше критичните делови.

Halsey in Georges Hobeika

На настанот се појави и бремената Коко Роша, во светкава долга креација со џебови.

Медиумите повторно ја пофалија и Ешли Греам, која се одлучи за едноставна тегет креација, а со фризурата многумина ги потсети на Џенифер Лопез, која имаше иста таква на неодамнешната забава на Guess.

Како изгледаа останатите гости погледнете во продолжение. За потсетување, модната недела во Њујорк, која започна вчера, ќе трае до 14-ти февруари, а голем број познати дизајнерски имиња меѓу кои и „Проенза Скулер“, Томи Хилфигер, „Родарте“, „Кензо“, Викторија Бекам, која неодамна ја соопшти својата одлука, нема да настапат на неа.

Taraji P. Henson/ David Koma

Rachel Brosnahan in Carolina Herrera

Jackie Cruz  

Lucy Hale in Jenny Peckham

Queen Latifah

 

Nina Agdal

La La Anthony in Naeem Khan

 

Sailor Lee Brinkley - Cook

Joan Smalls

 

Elsa Hosk

Sistine Stalone

Hailey Baldwin

Alexsandra Daddario

Cindy Bruna

Alina Baikova

Bregje Hainen

Devon Windsor

Melissa Bolona

Sara Sampaio

Siena Miler

 Andreja Pejic - Georgia Fowler

Hannah Ferguson - Lais Ribeiro

 

фото извор: dailymail.com; etonline.com; independent.ie;

Објавено:
8 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
678 пати