Првата дама на Аргентина совршена во стајлинг од глава до петици во бело

24 јануари 2018

Првата дама на Аргентина, Јулијана Авада (43) е една од јавните личности со беспрекорен стил. За тоа пишуваа и бројни модни магазини, а во 2016 година, „Вог“ официјално ја прогласи за најдобро облечена жена.

Многумина нејзиниот стил го споредуваат со оној на шпанската кралица Летиција, а ќе кажат дека е и остра конкуренција на Меланија Трамп, кога е изгледот во прашање, иако не ги сака споредбите, бидејќи смета дека има автентичен стил.

Во друштво на сопругот, претседателот на Аргентина, Маурисио Макрија, таа тргна на европска турнеја, а прва на списокот е Русија. 

На аеродромот, Јулијана се појави во комплетно бела комбинација, како асоцијација на Русија, ги воодушеви сите модни познавачи. 

Елегантна комбинација е составена од бели панталони и палто, како и блуза и шубара, како неизбежен моден детаљ во Русија, во нешто потемна нијанса.

Со изборот на капа, првата дама на Аргентина многумина ги потсети на легендарната Џеки Кенеди.

За потсетување, семејството на Авада поседува текстилна империја, во чии рамки е и аргентинскиот бренд „Авада“, така што воопшто не изненадува чувството за мода кое го поседува. Со оглед дека пред да стане прва дама била ангажирана околу брендот, многу често во друштво на мајка си ги посетувала модните метрополи во потрага по инспирација и колекции.

Модните медиуми со нетрпение очекуваат какво модно шоу ќе понуди на актуелната европска турнеја.

Освен белата комбинација, во Москва се појави и во стајлинг во кој доминираат кафени и беж нијанси, притоа секогаш внимавајќи да ја задржи женствената нота.

 

 

А на својот Инстаграм профил објави и една фотографија, на која е во лежерна комбинација за прошетка низ Москва.

 

Fin de la visita oficial a Moscú, Rusia.

A post shared by Juliana Awada (@juliana.awada) onJan 23, 2018 at 9:22am PST

 

Објавено:
24 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.076 пати