Првите дами на Чешка и САД во речиси идентични фустани

14 ноември 2018

Првата дама на Чешка, Моника Бабишова ја нарекуваат уште и чешката Меланија Трамп. За време на престојот во Франција, по повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, се сретнаа токму Моника и Меланија Трамп.

Оваа средба секако го привлече вниманието на медиумите, посебно бидејќи и двете имаа сосема сличен моден избор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mona (@monikababisova) onNov 11, 2018 at 10:03am PST

 Имено, и Моника и Меланија се одлучија за сив фустан со долги ракави и здолниште во глох. Исто така, и двете имаат ленти во делот на околувратникот кои се врзуваат.

Единствената разлика е што креацијата што ја носи првата дама на САД има ремен на половината и здолништето е со штепувани фалти.

Брижит Макрон и Меланија Трамп

 

Изборот на чевли е сличен и повторно во иста боја - црна, а и фризурите им се слични.

Првата дама на Чешка ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил, пишувајќи под фотографијата „Таа е толку убава“ (мислејќи на Меланија Трамп), по што следеа коментари дека Моника сосема ѝ парира. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mona (@monikababisova) onNov 12, 2018 at 1:53pm PST

 

Што мислите вие?

Објавено:
14 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.216 пати