Ексклузивните фотографии од свадбата на Серена Вилијамс и Алекс Оханиан

17 ноември 2017

Во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс, Серена Вилијамс и Алекс Оханиан вчера ја крунисаа својата љубов.

Како пренесуваат странските медиуми, на забавата присуствувале околу 250 гости, меѓу кои Ана Винтур, Џеј Зи и Бијонсе, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан и Канје Вест, Венус Вилијамс, Каролин Возњацки, Сијара...

Темата на забавата вредна милион долари, била „Убавицата и ѕверот“, а гостите биле пречекувани со песната „Be Our Guest“.

На сите гости на влезот на забавата им биле конфискувани мобилните телефони, а како изгледале младенците и деталите од свадбата ги објави магазинот „Вог“, со кој Серена и Алекс ја договорија ексклузивата.

За овој посебен ден, Серена одбра за венчалниот фустан да се погрижи модната куќа „Александар Меквин“, додека оделото на Алекс е од „Армани“. Првата креација е со раскошно здолниште и корсет.

За невестата се изработени и посебни „Најк“ патики, украсени комплетно со циркони и скапоцени камчиња. Фустанот во кој се појави пак Венус Вилијамс, како деверица на својата сестра е на Галија Лахав.

Венус Вилијамс

Втората венчаница во која Серена се појави во неофицијалниот дел е со потпис на „Версаче“, изработена од пердуви и дел што се отстранува, па долгото здолниште за момент стана кратко.

Од фотографиите се гледа дека на свадбата била присутна и ќеркичката на Серена и Алексис Олимпија. Гостите од двојката на подарок добивале трофеи, а првиот танц е одигран на песната „Tale as old as time“ од „Убавицата и ѕверот“.

Алек на Серена и гостите им приредил и посебно изненадување, рингишил со коњчиња, од кои тенисерката била воодушевена.

„Вог“ доцна вчера ги објави ексклузивните фотографии, а ние ви ги пренесуваме во продолжение.

 фото извор: dailymail.com; vogue.com;

Објавено:
17 ноември 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.181 пати
Извор: 
DailyMail