Првите заеднички фотографии на принцот Хари и неговата девојка Меган

4 февруари 2017

Откако во ноември со искрен допис до јавноста принцот Хари ја потврди врската со актерката Меган Маркл, конечно излегоа и првите заеднички фотографии на кои светот чекаше.

Тие беа фотографирани како излегуваат од нивното омилено лондонско место каде што и се запознале минатата година, приватниот клуб Soho House каде уживале во романтична вечера.

Принцот и актерката беа фотографирани како се држат за рака додека го напуштаат клубот, за што многумина ќе кажат дека Хари повеќе нема проблем да биде фотографиран со неговата девојка, бидејќи врската била навистина сериозна.

Според нивните заеднички пријатели, актерката поминува сѐ повеќе време во Лондон и палатата Кенсингтон пред да започне снимањето на популарната серија „Suits“ во март во која таа толкува една од главните улоги.

Светските магазини пишуваат дека откако ќе заврши со снимањето на серијата, актерката би можела засекогаш да се пресели во Лондон, а многумина посочуваат дека и веќе се бара замена за актерката во истата.

Извори блиски на палатата велат дека и двајцата се навистина среќни и дека се радуваат на животот што засега можат да го живеат како нормална двојка во „Колибата Нотингам“ каде што престојува принцот Хари.

Погледнете ги фотографиите од принцот Хари и неговата девојка и можеби идна принцеза, Меган Маркл. 

Објавено:
4 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.721 пати