Прво па машко за Меган и Хари!

6 мај 2019

Пред неколку минути принцот Хари објави дека неговата сопруга Меган Маркл родила здраво машко бебе и дека и двајцата се добри.

„Војвотката и бебето се добри, здрави и се чувствуваат одлично. Им благодариме на сите кои ја споделија возбудата со нас овие денови и нѝ дадоа поддршка во секој момент од овој специјален момент во нашиот живот“, напиша принцот на нивниот официјален профил на Инстаграм Sussexroyal.

Од Бакингемската палата денеска соопштија дека породувањето почнало рано утринава и дека принцот Хари е покрај Меган постојано во исчекување на нивното прво бебе.

Принцот Хари пред малку даде и официјална изјава.

Неофицијално беше кажано дека војвотката сакала да се породи во нивниот нов дом покрај принцот Хари, но бидејќи го поминала терминот за породување, можно е да се породи и во приватна болница како што се шпекулираше на почетокот.

Информации за тоа дали се породила дома или во болница, сè уште нема.

 

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.861 пати