Првото јавно појавување на Бијонсе по породувањето

22 август 2017

Во јуни годинава Бијонсе на свет ги донсе близнаците Руми и Сер, а два месеци подоцна ја гледаме во нејзиното прво издание.

фото извор: dailymail.co.uk

Ар-ен-би дивата неодамна со својот сопруг присуствуваше на една забава во Лас Вегас, а за таа пригода одбра провокативен краток фустан со голи раменици. Креацијата е на брендот House of CB, во црвена боја, со посветла основа и со набори на ракавите и по средина на фустанот.

Го комбинира со кадифени сандали во темнозелена, како и наметка во истата нијанса. 

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Косата ѝ е скратена и кадрава.

Ова секси издание наиде на различни реакции. Додека едни коментираат дека изгледа одлично, имајќи предвид дека пред два месеци се породила, други сметаат дека оваа креација не е среќен избор, особено поради градите, што доаѓаат во преден план.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Без разлика на тоа која група ќе се приклучите, она што е сигурно е дека “кралицата Би“ повторно го сврте јавното внимание кон себе.

фото извор: dailymail.co.uk

Објавено:
22 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.274 пати