Ребека Корбин открива како е да си стилист на познатите

17 март 2017

Ребека Корбин е името на стилистката која во 2015 година беше на листата на 25-те најдобри стилисти во Холивуд. Во текот на својата кариера била стилист асистент за британското издание на „Вог“, како и соработничка на познатата стилистка Адреа Либерман, со која работат со клиенти како Мадона, Гвен Стефани и Мараја Кери.

Веќе четири години работи како „фриленсер“, патувајќи на релација Лондон – Париз. Како самостоен стилист била дел од бројни едиторијали и тоа за италијанското и кинеското издание на „Вог“, потоа „Гламур“, „Венити Фер“... Тоа пак, ѝ овозможува работа за рекламни кампањи на Том Форд, „Гучи“, „Гес“, „Шарлот Олимпија“ и други....

Покрај тоа, се грижи за изгледот на Лили Џејмс, Ема Вотсон, Ева Мендез, Џена Колмен, Кајли Миног, Џесика Браун, Олга Куриленко, Ози Озборн, „Ред хот чили пеперс“ и многу други...

Во продолжение, таа открива неколку нејзини тајни:

 

Како им пристапувате на новите клиенти, кое прашање им го поставувате?

-Тоа е норален процес, кој најчесто се одвива по усна препорака или личен котакт. Понекогаш јас сум таа што ги бара клиентите, понекогаш тие мене ме контактираат.

Со кои клиенти се работеле повеќе пати и зошто?

-Ема Вотсон, Лили Џејмс, Софи Турнер, Габриела Вајд се дел од нив. Се стремам да работам со жени што сакаат да соработуваат, при што се остварува лична врска, а тоа помага да се чувствувате комотно еден со друг и да бидете во можност да остварите отворена комуникација, за што подобри резултати.

Како се информирате за сите дизајнери?

-Посетувам неколку модни сајтови, но најмногу Инстаграм. Таа социјална мрежа е неверојатно добра за пронаоѓање нови таленти, или таленти од различни земји.

Имате ли дизајнери на кои секогаш се потпирате за одредени пригоди? Кои се?

-За различни девојки, жени, бирам и различни дизајнери. Некои дизајнери ги распознавам по работата што соодветствува само на одреден тип жена, а постојат и дизајнери што се определени и насочени повеќе кон свечените настани и црвениот килим.

Кои се вашите трикови за црвениот килим?

-Арсенал на совети и идеи и одличен кројач се две од моите скриени оружја. Имаме и вежби за тоа како треба клиентот да се појави на црвениот килим, како и вежби за тоа како треба да заминат од настанот. Звучи смешно, но кога стоиш на црвениот килим пред толпа фотографи, кои постојано те довикуваат, треба да покажеш самодоверба во тоа што го презентираш- себе и облеката. Не сакаш и не треба да размислуваш каде да ги ставиш рацете или што треба да правиш со нозете.

Како се справувате со ситуации кога клиентот бара исклучиво одржлива (еко) облека?

-Па има многу клиенти со таква изградена свесност. Сепак, не е лесно да се изменаџира тоа, па во тој случај се прашуваат брендовите дали располагаат со нешто такво, или се соработува со оние за кои што со сигурност знаеме дека работат на таков начин. Се надевам дека зголемената побарувачка за такви парчиња ќе создаде позитивни промени.

Уживате ли во предизвикот да најдете парчиња од вештачка кожа или крзно и слично?

-Учењето на тоа што е „етичко и оддржливо“ во модата и постојан предизвик. Вештачкото крзно и кожа можат да бидат дури и повеќе штетни отколку користењето на вистинската кожа. Вистинската „веганска“ кожа е навистина скапа и не треба да е создадена од страшни работи како полиуретан. Брендовите како „Стела Мекартни“ навистина ме шокират позитивно, бидејќи прават разни истражувања и развиваат технологии во своите фабрики. Навистина е тешк да се најдат луксузни ткаенини што не се токсични и штетни и што нема ги експлоатираат луѓето или планетата.

Постои ли искуство со некоја ѕвезда што би сакале да го заборавите?

-Еднаш за една девојка сошив фустан, што за да го соблече, мораше да го исече.  

Што е најголемото НЕ кога се работи за стајлингот за црвен килим?

-Да облечете некој во нешто во што не се чувствува удобно. Тоа се забележува и по нивниот израз на лицето и по јазикот на телото и во живо, а уште повеќе на фотографија.

Постоеле ли некои големи промашувања или катастровите и што научивте од нив?

-За настани што доаѓаат во пет до дванаесет, кетеринг е одлична опција.  Секогаш е добро да се има резерва, за секој случај.

Кој е Вашиот омилен стајлинг на кој сте работеле?

-Тоа е оној за Лили Џејмс, на премиерата на „Гордост, предрасуди и зомби“, каде носеше фустан од „Ердем“, или пак оној розов фустан од „Диор“ за првата премиера на „Пепелашка“. Исто така ми се допаѓа и Ема Вотсон во „Оскар де ла Рента“ на премиерата на „Убавицата и ѕверот“.

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
388 пати