Ребел Вилсон: Секогаш се обидував да го употребам мозокот за да добијам улоги

16 јуни 2016

Во ексклузивно интервју и фотосесија за магазинот Мери Клер, прекрасната и секогаш уникатна Ребел Вилсон говори за славата, за нејзиното детство, љубовта и за тоа зошто никогаш нема да ја видите гола.

Вилсон говори и за искрената љубов и пријателство кон нејзината колешка, актерката Џенифер Сандерс со која глуми заедно во „Absolutely Fabulous“.

„Џенифер Сандерс беше првата жена што ја видов на телевизија со сосема нејзин материјал, напишан и изведен од неа“, вели Ребел во интервјуто.

Таа открива и дека била неверојатно срамежлива како дете, па нејзината мајка решила да ја носи на часови по глума за да ѝ помогнат побрзо да се ослободи.

„Бев невозможно срамежлива, не се дружев со никој. Еден ден, мајка ми ме однесе на часови по глума... Се држев за вратата од автомобилот и се сеќавам дека силно плачев. Таа мораше буквално да ме одвлечка надвор. Ми рече дека ќе ме земе за два часа и ме остави таму, сосема сама“, додава актерката.

Во интервјуто таа говори и за нејзиното правило никогаш да не се соблече пред камера, за што сведочи и одбивањето на голема улога за која таа требало да се соблече гола на што одлучно рекла не.

За врските говори сосема отворено, посочувајќи ја нејзината независност како најважна карактерна особина.

„Јас сум многу независна, сѐ до онаа точка кога тоа почнува да се нагласува премногу. Ако си успешна жена, сакаш да ја најдеш вистинската личност, но тоа не значи дека секогаш ви треба. Не знам дали тоа звучи чудно, но има многу млади жени кои се во мојата ситуација. Не сакам да се променам за некој, ако тоа не е вистинскиот, јас навистина сакам сѐ да споделам со мојот партнер. Ќе видиме... Не знам дали ќе се вклопам... Не знам дали вистинската личност е во Холивуд, бидејќи тука се сретнувам само со музичари и актери“, вели Ребел.

Кога сме кај Холивуд, таа ќе каже дека не чувствува никаков притисок дека треба да изгледа совршено.

„Секогаш се обидував да го употребам мозокот за да добијам улоги. Во Холивуд има многу гламурозни луѓе со кои не сакам да се натпреварувам...тука дури и мажите одат на ласерски третмани“, додава актерката.

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
210 пати