Рејчел Вајс – прекрасна и бремена на 48!

24 април 2018

Пред неколку дена прекрасната актерка Рејчел Вајс објави дека е бремена со првото заедничко дете со сопругот Даниел Крег.

„Даниел и јас сме многу среќни. Ќе имаме мало човече. Едвај чекаме да го запознаеме него или неа. Ќе оставиме полот да биде мистерија до крај“, изјави таа неодамна.

Ова е прво заедничко дете за 48 годишната актерка и 50 годишниот актер. Од претходниот брак со режисерот Дарен Аронофски таа го има 11 – годишниот син Хенри.

За првите појавувања со трудничкото стомаче таа одбра навистина лежерни комбинации кои можат да ви послужат како инспирација доколку сте во блажена состојба.

Актерката одбира шармантни долги фустани во кои буквално можете да го поминете целиот ден во ова време од годината.

За прошетка низ Њујорк таа се одлучи за црвен фустан со куси ракави, комбиниран со стилски златни сандали, а потоа можевме да ја видиме и во долг плетен фустан во пруги со природна шминка и фризура, стилизирани со кружни очила за сонце.

Во малку поелегантно издание во црвен сатенски фустан комбиниран со црна пелерина се појави на свечен настан со сопругот на 9 – ти април кога уште не беше објавена веста за бременоста.

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.040 пати