Ретроспектива: Најшармантните фустани на црвениот килим за 2016

10 декември 2016

Крајот на годината секогаш е резервиран за сумирање на впечатоците од изминатите 12 месеци. Кога е во прашање модната индустрија, постојан различни листи каде се рангира најдоброто од годината во различни сегменти.

Една од највозбудливите е ретроспективата на највпечатливите фустани на црвениот килим. Доделувањето на престижните награди во шоу бизнисот, особено кога се работи за филмската, музичката и модната индустрија, секогаш е проследено со фантастичен црвен килим каде светски познатите дизајнери „ги купуваат" симпатиите на глобалната публика.

Најчесто тоа се раскошни, „haute couture" креации кои го презентираат најдоброто од модните куќи.


2016 беше навистина разновидна година, кога на црвениот килим се појавија сосема поинакво естетизирани креации покрај стандардните женствени тоалети со нагласена силуета. Особено вниманието го привлекува комбинизон варијантата на панталони со здолниште, како и минималистичките тоалети со чисти линии во монохроматски варијанти.

Во продолжение издвојуваме дел од тоалетите што беа највпечатливи на црвениот килим за годината која изминува.

Објавено:
10 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.025 пати