„The Revenant“ триумфираше на годинешните BAFTA

15 февруари 2016

Вчеравечер традиционално, по 69-ти пат во Ковент Гарден во Лондон беа доделени престижните филмски награди BAFTA.

Филмот на Алехандо Гонзалез Инариту, „The Revenant" триумфираше со три освоени награди во категориите: најдобар филм, најдобра режија и најдобар актер во главна улога.
Леонардо Дикаприо со наградата за најдобар актер во главна улога е се поблиску до конечното освојување на најпрестижната филмска награда Оскар, со што целосно би го заокружил триумфот на еден актер во филмската индустрија.

Наградата за најдобра актерка во главна улога и беше доделена на Бри Ларсон (Room), додека наградите за најдобри споредни улоги ги добија Кејт Винслет (Steve Jobs) и Марк Рајланс (Bridge of spies).

Сите останати добитници на престижните награди може да ги погледнете на овој линк.

Доколку пак би се доделувале златни статуетки за најдобро облечени на црвениот килим на годинешниве BAFTA, тогаш со сигурност на врвот би била прекрасната Кејт Бланшет која изгледаше грациозно во тоалета од Александар Меквин.


Не помалку впечатливи беа и нејзините колешки, Алиша Викандер, Џулијан Мур, како и Кејт Винслет.

 Во продолжение погленете дел од амбинетот на церемонијата.

 

Објавено:
15 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
274 пати