Ричард Гир на 70. години по втор пат ќе стане татко

5 ноември 2019

Холивускиот актер Ричард Гир пред девет месеци стана татко. Шпанскиот магазин „Hola“ објави во февруари годинава дека Гир (70) и неговата сопруга Алехандра Силва (36) станаа родители на здраво машко бебе.

Ова е нивно прво заедничко дете, а и секој од нив има по едно од претходните бракови.

Но, денес во шпанските медиуми одекна нова вест дека Алехндра е повторно бремена, а двојката ја очекува приновата на пролет.

За потсетување, Гир и Силва стапија во брак април минатата година, а заедно се од 2014 – тата година.

 

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.235 пати