Ричард Гир прв пат во јавност со неговиот шестмесечен син на одмор во Тоскана

9 август 2019

Ричард Гир на 69-годишна возраст повторно стана татко, откако со сопругата Алехандра Силва во февруари го добија синот Александар.

Деновиве тие за прв пат го покажаа во јавност нивното шестмесечно бебе, за време на семејниот одмор во Тоскана, Италија.

Низ светските медиуми вирално се шират фотографии од летниот одмор на семејството на кои е прикажано како одлично го користат заедничкото време.

На Ричард ова му е трет брак, а врската со Алехандра ја започна пред 4 Претходно беше оженет со Синди Крафорд и со актерката Кери Ловел.

Александар му е второ дете, покрај синот Хомер Џејмс, а и Алехандра исто така има син – петгодишниот Алберт.

Фото: Daily Mail

 

Објавено:
9 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.073 пати