Веќе знаеме дека огромен хит ова лето се очекува да биде популарниот филм со супер женска актерска екипа Ocean’s 8 чии светски премиери се случуваат овие денови.

Лондонската премиера како една од најочекуваните се случи вчеравечер, а на црвениот килим се појавија сите актерки во стилски комбинации.

Како и секогаш, најголема еуфорија кај обожавателите предизвика музичката дива Ријана која се појави во металик златна креација со голо рамо, комбинирана со сандали со ремчиња на висока потпетица.

Прекрасна во светкав комбинезон на Зухаир Мурад беше 53 годишната Сандра Булок која дефинитивно е една од омилените ликови во филмот. Во последно време се чини дека таа е вљубена во комбинезоните, а мора да признаеме дека одлично изгледа во нив.

Во впечатлива розова креација со карнери се појави Сара Полсон која ја украси со високи потпетици и обетки во малку потемна нијанса.

Минди Колинг повторно се одлучи за сигурна, црна варијанта и се појави во транспарентен црн фустан од ресортот на дизајнерката Алберта Ферети.

Како и секогаш, во уникатна комбинација блесна и омилената Кејт Бланшет, која овојпат се одлучи за блуза од сиви пердуви, црни панталони, ремен на половината и елегантни црни чевли.

Она што беше поинакво овојпат е тоа што таа за прв пат на црвениот килим се појави со нејзиниот сопруг и син кои беа заедно со неа за време на промоцијата.

Во винтиџ креација на Вивиен Вествуд која совршено и прилегаше на премиерата дојде и познатата Хелена Бонам Картер која сребрениот фустан го комбинираше со високи црни потпетици.

Во галеријата погоре погледнете како изгледаа познатите дами на лондонската премиера на најочекуваниот филм за ова лето. 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.109 пати