Откако ја затвори модната недела во Њујорк со спектакуларно шоу и ревија за нејзината Savage x Fenty колекција, Ријана го организираше хуманитарниот Diamond Ball во Њујорк во чест на нејзините баба и дедо.

Како и секогаш, целото внимание го привлече токму Ријана, облечена во бел тантелен комбинезон, надополнет со голема панделка во предниот дел која продолжуваше во раскошна „опашка“ во задниот дел.

Секако, изгледот таа го надополни со впечатливи дијамантски обетки и сандали на висока потпетица и нежна шминка и фризура.

На балот се појавија некои од најголемите музички имиња на денешницата и пријатели на пејачката, а прекрасни во неверојатни фустани беа и познатите модели меѓу кои и Џоан Смолс, Кендис Сванпул, Џосефин Скривер и многу други.

„Дијамантскиот бал“ се одржува традиционално секоја година, а со собраните средства популарната пејачка им помага на голем број образовни и уметнички институции.

Пејачката и актерка ја основа организацијата „Clara and Lionel“ во 2012 година во чест на нејзините баба и дедо Клара и Лајонел.

Таа ќе изјави дека нејзината организација ќе понуди помош на секој оној на кого му е потребна, без разлика кои се нејзините цели.

„Ако мојата организација им помага на заболени од рак, не е фер да не му помогнам на некој заболен од СИДА ако го можам тоа“, изјави пејачката во едно интервју.

Нејзината хуманитарна организација исто така нуди стипендии за разни факултети позиционирани во нејзиниот роден Барбадос.

Како и секоја година, така и оваа, на нејзиниот бал беа собрани огромен број средства преку разни аукции на вредни предмети.

Фото: Дејли Мејл

Објавено:
14 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
425 пати