Ријана и Шопард ја имаат најубавата колекција луксузен накит

19 мај 2017

Во тек е долгоочекуваниот Кански филмски фестивал на кој како и секоја година можеме да погледнеме голем дел од светските ѕвезди во блескави изданија.

Покрај големиот број премиери на филмови за кои понатаму се очекува да станат вистински хит, во рамки на фестивалот се одржуваат и многу промоции и настани на кои ѕвездите обожаваат да се појавуваат.

Музичката дива Ријана вчеравечер организираше еден токму таков настан каде ја промовираше новата колекција луксузен накит во соработка со брендот Шопард.

Сосема во нејзин стил, на настанот таа се појави облечена во шик црна креација со тул од колекцијата на „Ралф и Русо“, надополнета со парчиња од нејзината колекција накит.

Благодарение на нејзиниот избор на црна тоалета, до израз дојде накитот кој таа одлучи да го носи, како и впечатливата шминка со акцент на црвениот кармин.

Пејачката и официјално ја потврди соработката со швајцарскиот бренд на нејзиниот Инстаграм профил.

„Многу сум среќна што можам да ви соопштам дека имав чест да соработувам со легендарната Каролин Шофели и нејзиното Шопард семејство на мојата прва луксузна колекција накит“, напиша Ријана на Инстаграм.

По официјалната промоција на линијата накит во Кан, истиот ќе биде достапен во продавниците на брендот ширум светот ова лето.

На свечената промоција присуствуваа голем број од холивудските ѕвезди кои во моментов се наоѓаат во Кан меѓу кои и Џулијан Мур, Петра Немцова, манекенката Вини Харлоу и многу други.

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
352 пати