Ријана за Вог: Сега имам 30, треба ли да си ги замрзнам јајце клетките?

4 мај 2018

Планетарно популарната Ријана е ѕвезда на јунското издание на магазинот Вог, фотографирана од познатата двојка Мерт Алас и Маркус Пигот.

Облечена во блескава креација на Долче и Габана, нашминкана со производи од нејзината козметичка линија и со суптилен сребрен накит, музичката дива изгледа подобро од кога и да е.

Во интервјуто за магазинот ќе каже дека откако го прославила 30 – тиот роденден почнала повеќе да се грижи за себе, бидејќи почувствувала дека телото почнало да си поигрува со неа, особено сега кога е на чело на козметичка империја, почнува со турнеја, подготвува реге албум и колекција долна облека.

Ќе раскаже дека за роденденот отишла во кревет пред 04 часот наутро што е чудно за неа, со оглед на тоа дека знаела да слави до утринските часови и конечно се разбудила без знаци на мамурлак.

„Ок, сега имам 30, има ли работи што морам да ги направам? Треба ли да се загрижам? Треба ли да си ги замрзнам јајце клетките? Што се прави на 30?“.

Нејзините соработници ќе кажат дека таа е неверојатна девојка, човек кој не се грижи што другите мислат за неа, а токму тоа и го донело огромниот успех и слава што ги ужива денес.

Козметичката линија што ја лансираше неодамна за само 40 дена продажба успеа да заработи повеќе од 100 милиони долари, а подеднакво успешен се чини ќе биде и филмот Ocean’s 8 кој се очекува да биде вистински блокбастер.

Во интервјуто таа им одговара и на сите оние кои во последно време коментираат дека пејачката ги зголемила килограмите, за што Ријана воопшто не се грижи, а често поставува и смешни фотографии на Инстаграм поврзани со таквите шеги.

„Мора понекогаш и да се шегуваш на своја сметка. Знам кога сум дебела и знам кога ќе ослабам. Се прифаќам секаква. Не сум градена како моделите на Викторија Сикрет, но сепак се чувствувам убава и самоуверена во мојата долна облека“, вели пејачката во интервјуто.

Таа говори и за мајчинството и за тоа каква мајка ќе биде.

„Знам дека нема да можам да ги тргнам очите од моето дете.  Тоа го знам сигурно. Ќе треба да ме натераат да ангажирам дадилка“, вели таа.

Интервјуто го завршува со зборовите дека утре е веќе премногу доцна, дека животот е краток и се чини дека тоа е и повеќе од вистина.

За магазинот таа сними и супер мејк ап едиторијал во кој покажа уште една од многуте способности и се нашминка подобро од што сите очекуваа.

Погледнете го видеото и уште денес научете некој трик од прекрасната Ријана.

 

Извор и фото: Vogue.com

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.363 пати