Рири стана домаќинка на дијамантски бал

12 декември 2014

Ријана со семејството Ријана со семејството

Поп дивата од Барабадос, Ријана, покрај професионалните обврски, е мошне ангажирана и во областа на добротворните цели. Љубовта кон луѓето и желбата да им се помогне на оние кои им е најпотребно ја инспирираа пејачката да создаде свој фонд, но исто така да организира и гала вечер насловена „Gala Ball Diamond Ball“. Балот се одржа минатата ноќ во вилата „The Vineyard“, во Беверли Хилс и беше посветена на првиот голем проект во организација на Ријана, фондацијата „The Clara Lionel Foundation“, која што пејачката ја создаде во 2012 година во чест на нејзините баба и дедо.

Меѓу гостите на настанот присуствуваа голем број пријатели на Ријана кои заедно со музичарката го делат истото чувство и страст кон филантропијата.

Ријана Ријана

„Една од најголемите предности во мојата работа е што добив можност да ја формирам фондацијата - „The Clara Lionel Foundation“ во чест на моите баба и дедо. Ова е она на што сум вистински горда. Мило ми е што ја имаме можноста да продолжиме со работа и што успеавме да го организираме првиот Diamond Ball, кој беше мошне инспиративен и елегантен и за кој во иднина се надевам дека ќе премине во една убава традиција“, вели Ријана во официјалното соопштение до медиумите.

Ријана Ријана

Црномурестата дива изненади со својот изглед. Пејачката која секогаш е во чекор со модните трендови носеше сатенска тоалета во сирена крој во сјајна нијанса на марсала – бојата која ќе ја одбележи 2014 година. Елеганцијата и женственоста, Ријана дополнително ги нагласи со изборот на софистицираниот ѓердан со црвен камен, собраната коса во коњско опавче во долниот дел од вратот и едноставната шминка каде доминантен беше темно црвениот кармин.

Ким Кардашијан и Крис Џенер Ким Кардашијан и Крис Џенер

Балот започна со гала вечера, по што следуваше добротворна аукција. По желба на присутните, Ријана имаше свој настап на сцена кој беше придружуван од оркестарот. Сите средства кои беа собрани за време на настанот ќе бидат искористени и наменети за подобрување на животните услови на дел од луѓето но и за сите оние кои имаат некаква потреба.

Франсоа Хенри - Пино и Селма Хајек Франсоа Хенри - Пино и Селма Хајек

Познатата старлета Ким Кардашијан носеше мрежест фустан од колекцијата за пролет – лето 2014 на Баленсијага, а пристигна заедно со својата мајка Крис Џенер, која пак остана доследна на својот елегантен стил и носеше црни панталони во комбинација со сако и тантелна блуза. Фасцинантни беа и познатата актерка Селма Хајек, како и Елен Помпео и многу други кои можете да ги видите на фотографиите приложени во галеријата.

 

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Сцена