Рита Ора во фустан-венчаница на забава во Лос Анџелес

14 март 2018

Голем број познати ѕвезди присуствуваа на забавата на дизајнерката на накит Лорејн Швратц неодамна во Лос Анџелес.

Тоа беше воедно и вистинско модно шоу, особено имајќи предвид дека дел од присутните се одлучија за смели избори.

Рита Ора (27) се појави во бел фустан од тантела, што многумина ги потсети на венчаница, но мошне транспарентна, па видлива е и долната облека што ја носи.

 

Блејк Лајвли (30) се појави во друштво на својата сестра Робин. Актерката носеше црн фустан од „Брендон Максвел“ и сандали со потпис на Лубутан, додека косата ѝ беше пуштена и брановидна, каква што не ја гледаме често. Нејзината сестра пак се одлучи за бел комбинезон.

 

На забавата присуствуваа и Хајди Клум (44) и Софија Вергара (45). Хајди се одлучи за металик фустан-јакна, со ремен на половината и високи чизми, издание во кое би сакале да ја гледаме почесто. Вергара пак, носеше елегантен коктел фустан од тантела.

 

Меѓу присутните беа и Вини Харлоу, чиј избор беше исто така црна кожена комбинација, а црната беше и избор на пејачката Халси.

Погледнете како изгледаа останатите:

Објавено:
14 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.683 пати