Роберт Дауни Џуниор е најплатениот актер во светот!

7 август 2015

Магазинот Форбс ја објави листата најплатени актери за изминатата година, а по трет пат на првото место се најде шармантниот Роберт Дауни Џуниор.

Благодарение на Iron Man, изминатата година актерот ја заокружил со заработка од 80 милиони долари.

На второто место се најде актерот Џеки Чен кој минатата година заработил неверојатни 50 милиони долари, додека на третото место со заработка од 47 милиони долари се најде Вин Дизел.

На списокот веднаш зад овие актери, се најдоа и Бредли Купер и Адам Сендлер, а дури на шестото место Том Круз.

Изминатите години Форбс на листата вклучуваше исклучиво холивудски актери, но од оваа година во конкуренција се и меѓународни ѕвезди, но сепак се чини дека Холивуд сѐ уште ги зазема првите места.

Она што е интересно, е фактот што помеѓу првите 10 најплатени актери во светот нема ниту една девојка, а има и неколку индиски актери.

На седмото место, се најде боливудскиот актер Амитаб Бачан

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
871 пати