Роберт Кавали ги отвора вратите од луксузниот дом и гардеробер

18 март 2014

Уникатна слобода на експресијата, вака синот на најпознатиот италијански дизајнер, Роберто Кавали, Роберт  ја опишува модата што ја создава неговото семејство. Неговиот татко е познат по примената на егзотичните принтови балансирани со носливи парчиња што буквално сите ги обожаваат. Не многу далеку од тоа што го создава  татко му, Роберт претпочита најмногу да го носи неговиот дизајн, односно впечатливите и необични принт парчиња кои му се омилени. Роберт својот стил го опишува како интроспективен, фасцинантен, екстремно шармантен кој покажува строга личност и дискретна мистерија.

-Секој има моменти на каење од својот имиџ. Додека растеме сите имаме неверојатни грешки додека се пронајдеме што точно ни прилега на карактерот, кој дотогаш се градел. Верувам дека начинот на кој се облекуваш може да влијае на твоите чувства и расположение. Моето семејство дизајнира облека која и сами знаете дека не е традиционална туку посложена. Сум имал комбинации на себе што кога сега ги гледам на фотографии не можам да престанам да се смеам. Во однос на мојата куќа во Фиренца сакам да споделам дека отсекогаш изгледала на вистинска зоолошка градина. Сме имале тигар, лав, многу мајмуни и уште многу други видови, сон кој го имавме уште од деца. Мојот татко ги сака сите животни, но посебно воодушевен е од егзотичните папагали. Вели дека ги сака затоа што имаат силно изразен карактер. Најстариот што го имаме е 65 години, а веќе престанавме и да броиме колку години има. Мојот омилен пак има 19 години и се вика Мохито, раскажува Роберт.

Младиот Кавали освен во Италија често живее и во Лондон, но вели дека тоа се сосема две контрадикторни места за живот.

-Фиренца секогаш е дел од мене, од друга страна Лондон е модерен културен центар, но со пребрзо темпо на живот и навистина сум среќен што може да функционирам и на двете места, додава Кавали.

Роберт вели дека кога сака да изгледа најубаво прво помислува на комбинација од принт панталони од сатен, едноставна кошула или пак обратно поексцентрична кошула со едноставни панталони. Сакам елегантен, но и релаксиран изглед, односно прилагодлив за повеќе прилики во текот на целиот ден.

Речиси сите парчиња што ги носи се со етикетата Роберто Кавали и ретко применува парчиња што не се од неговото семејство. Погледнете во каков луксуз живее познатото италијанско семејство Кавали.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена