Род Стјуарт за сопругата: Таа е целиот мој свет, каква девојка!

3 јули 2017

На 16-ти јуни Сер Род Стјуарт со романтична, интимна церемонија го прослави 10-годишниот јубилеј во брак со неговата сопруга Пени Ланкастер.

Фото извор: Hello

Ексклузивно фотографии од овој романтичен чин беа објавени во магазинот Hello, а на кои може да се забележи дека тие во суштина организирале втора свадбена свеченост на која присуствуваа најблиските членови на нивното семејство и пријателите.

Фото извор: REX/Shutterstock

По овој повод, Род за Пени во Hello ќе изјави:

-Таа е целиот мој свет, каква девојка. Љубовта значи многу различни нешта за луѓето, но за мене тоа е да споделуваш се со оној кој го сакаш. А јас ја сакам Пени повеќе од кога било, ако е возможно тоа.

На убавата церемонија, 46-годишната Пени, инаку поранешен модел, носела перфектен бел бохо фустан, налик на модерна венчаница, изработена од тантела. Култниот музичар пак, бил исто така облечен во бел костум со впечатлив детаљ – марамче во сина боја.

Фото извор: Getty images

Инаку оваа двојка почна да се забавува во 1999 година и оттогаш се заедно, по неколкуте неуспешни брака на Сер Род Сјтуарт.

Фото извор: Getty images

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
585 пати