Роденденската забава на Бијонсе од 1970-тите

7 септември 2016

Светските медиуми сѐ уште пишуваат за роденденската забава на Бијонсе која се одржа во понеделникот вечер. Пејачката одлучи 35-тиот роденден да го прослави со тематска забава насловена како „Soul Train“, инспирирана од истоимената емисија од 1970-тите.

Во широки ѕвонарки, со многу светки, перики, славеничката, нејзиното семејство и гостите се забавуваа до раните утрински часови.

Кели Роланд, Мишел Вилијамс беа облечени како диско диво, како и Соланж Ноулс. Меѓу присутните беа и Лала Ентони, Шон „Диди“ Комбс, Џордан Дан, Шанел Иман, Алиша Кис со сопругот, Џоан Смолс, Серена Вилијамс...

Посебно внимание привлече и фотографијата на Ашер и Џеј Зи, а на социјалните мрежи беа споделени и неколку видеа од атмосферата.

„Ви благодарам на сите што дојдовте. Направивте одлична работа, комплетно се посветивте и многу сум среќна што сум овде“, им се обрати пејачката на гостите.

Имајќи предвид дека посебен тим работел на забавата, Бијонсе ја очекувала со нетрпение.

„Сите танцуваа, пиеја и го славеа роденденот на Бијонсе. Џеј Зи беше покрај неа цела вечер и ѝ пружи многу внимание и љубов. Месеците планирање се исплатеа. Беше одлична забава“, изјави инсајдер за магазинот „Eonline“.

 

Објавено:
7 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
965 пати