Романсата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез на насловната на Vanity Fair

1 ноември 2017

Еден од најактуелните холивудски парови, што истовремено важи и за еден од стилски највпечатливите, Џенифер Лопез и Алекс Родригез, се најдоа на насловната страна на последното издание на магазинот Vanity Fair.

По тој повод тие направија ексклузивна фотосесија што ја потпиша Марио Тестино, во која не се двоумеа да споделат провокативни интимни моменти од својот приватен живот.

Во интервјуто за магазинот, тие зборуваат за почетокот на нивната љубовна врска, првото заедничко појавување на црвениот килим на Мет Гала минатата година, за сѐ она што ги поврзува, како и за моментите кога се најсреќни...

Исто така во ова интервју е направена паралела на нивните скромни почетоци, како уште еден заеднички момент, како и на тоа дека и двајцата потекнуваат од скромни семејства без никакви привилегии ви општеството.

Целото интервју може да го прочитате овде.

 

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.866 пати