Роси Хантингон Вајтли е стилска божица во парчиња од Манго

14 септември 2019

Познатата манекенка Роси Хантингтон Вајтли постојано ги инспирира нејзините обожаватели со ултра стилски комбинации, па така беше и овојпат кога се појави во совршена комбинација со која можеме да ја започнеме есенската сезона.

Речиси секогаш одбира едноставни и минималистички, но ефектни парчиња, а истото беше и случај кога за прошетка низ Беверли Хилс се појави во комбинација стилизирана со клучни есенски парчиња во кои се вљубивме.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rosie HW (@rosiehw) onSep 12, 2019 at 7:29am PDT

Прекрасната Роси носеше интересно темно зелено здолниште со должина до под колената со ремен на половината во комбинација со бела плетена маичка без ракави и фантастични кожени чизми во кафена боја каква што беше и чантата.

Здолништето е со потпис на Викторија Бекам, додека чизмите и чантата се од ресортот на Џими Чу, а шармантната маичка од познатиот high street бренд Манго.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rosie HW (@rosiehw) onSep 12, 2019 at 12:34pm PDT

Шармантната Роси уште еднаш докажа дека е вистинска стилска кралица која секогаш знае да ги одбере вистинските парчиња со кои секогаш е инспирација за девојките ширум светот.

 Инфо: Tportal.hr

Објавено:
14 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.888 пати