Сандра Булок заводлива во црвена креација

19 декември 2018

Актерката Сандра Булок неодамна беше на премиерата на филмот „Bird Box“  во Њујорк и сите погледи беа вперени во неа.

Причината беше црвената креација на Мартин Грант, која го открива најкритичниот женски дел од телото - стомакот. Но, 54-годишната актерка изгледа совршено, па токму затоа и ден потоа се зборуваше за нејзиното појавување.

Фустанот во долниот дел е со широко здолниште, собрано од десната страна, а во комбинација со чевли од Лубутан. 

Актерката имаше и кратка црвена еко бунда, која потоа ја соблече. 

Како вам ви се допаѓа ова впечатливо и гламурозно издание на Сандра Булок:

Објавено:
19 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
895 пати