Сара Џесика Паркер го има најудобниот летен стајлинг

14 јуни 2018

Актерката Сара Џесика Паркер неодамна беше во Рим, по што се врати во омилениот Њујорк. Медиумите ја чекаа пред нејзиниот дом, а таа се појави во прекрасна летна комбинација.

Се работи за цветен миди фустан со ракави. Половината е истакната со ластици, а актерката го искомбинира фустанот со светкави чевли со панделка, розова торба преку рамо и дискретен накит. 

Цветните фустани и ова лето се едни од најомилените, а воедно фустанот е најудобниот избор за сезонава, бидејќи истовремено се чувствувате слободно и дотерано.

Истиот ден, Паркер уште еднаш ги поздрави новинарите и папараците, но во сосема нова комбинација. Овој пат, таа се појави во сива кошула и фармерки, со подвртени ногавици, а изборот на обувки овој пат беа светкави чизми од нејзината колекција, кои ги усогласи со сребрено металик ранче.

 

 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.150 пати