Сара Џесика Паркер ја има совршената комбинација на принтови

23 август 2018

Без разлика дали сакавте да ја гледате во „Сексот и градот“ или не, факт е дека Сара Џесика Паркер и надвор од серијата важи за една од најдобро облечените познати личности.

Тоа го потврди повторно со беспрекорен стајлинг. 

Неодамна во Њујорк снимаше нова реклама, а се појави во совршена комбинација на принтови. Се работи за таканареченото пижама одело во златно-жолта нијанса. Панталоните се со приги во бела, црна и сива нијанса, додека горниот дел е со цветен принт.

Оделото го комбинира со чевли во интензивно розова нијанса. На фотографиите се гледа и клач чантата која од едната страна е во истата розова нијанса, а од другата е во црвена.

Веројатно си помисливте дека вие никогаш не би го искомбинирале ова на ваков начин, но на 53-годишната актерка изгледа одлично.

Што мислите вие?

Беспрекорна комбинација што може да ви послужи и како идеја за стајлинг за наградното изненадување на фан страната Sweet 40+.

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.047 пати