Сара Џесика Паркер ја продава куќата во Њујорк за вртоглави 22 милиони долари

10 септември 2014

Таа страсно ја обожава модата, а автоматски тоа асоцира и дека е голем перфекционист во однос на ентериерот од домот каде живее. Актерката Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг, актерот Метју Бродерик ја ставија на продажба луксузната куќа во областа Гринич во Њујорк. Куќата се простира на 630 метри квадратни и располага со пет спални соби, седум камини, огромни тераси и многу пространи дневни простории кои се уредени во рустичен минималистички стил.

Се чини дека оваа градска куќа е вистинската оаза на мирот покрај динамичноста на Њујорк. Има се што е потребно за уживање и уникатен луксузен амбиент кој чини неверојатни 22 милиони долари. Се очекува имотот многу брзо да биде продаден со оглед на тоа дека станува збор за куќата на мега славна актерка.

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Сцена