Се омажи Џенифер Анистон

7 август 2015

Џенифер Анистон и Џастин Теро се венчаа! Ова е веста што сајтот TMZ вчера прв ја објави, а потоа ја преземаа сите светски медиуми. 

Познатата двојка успеа максимално да го сокрие овој настан од јавноста. Венчавката ја одржаа завчера, во дворот на нивнот дом во Бел Ер, Лос Анџелес, а гостите мислеа дека доаѓаат на роденденската забава за Џастин, кој следната недела ќе наполни 44 години.

Дека ова не беше класична венчавка, говори и фактот дека Анистон и Теро се одлучија да имаат торта со „Мапети“, а она што посебно го привлече вниманието на јавноста е декорот.

Базенот е покриен со дрвена конструкција, каде што всушност била поставена музичка бина, а од двете страни на дворот се поставени неколку гарнитури за седење и маси со табуретки. Сето тоа е усогласено и со големиот шанк и минималистичкото осветлување.

За да успеат до крај во крајност да ја организираат венчавката, двајцата актери ја искористиле напуштената куќа во близина на нивниот дом, каде што ги сместиле реквизитите, масите, храната и пијалоците. До другата куќа водела тајна патека.

Сајтот TMZ објави неколку папараци фотографии од гостите што пристигнуваат, па на тајната веселба присуствувале околу 70-тина гости, меѓу кои колешките од „Пријатели“, Кортни Кокс и Лиса Кудроу, потоа Емили Блант и Џон Красински, Елен Деџенерис, Тоби Мегвајар, Џенифер Мајер, Тери Ричардсон, Џими Кимел, Сиа, Елен Деџенерис..., а никој од гостите не смеел да носи мобилен телефон со себе.

Мајката на Џенифер, Ненси Доу, не била меѓу поканетите гости.

Покрај тоа што многумина сметаат дека ова ќе биде венчавка на годината, со сигурност е тајна на годината и тоа најскапата тајна. Дворецот на двојката чини 22 милиони долари, а организацијата околу тајноста ги чинела 10, 7 милиони долари. Според TMZ, работниците што биле ангажирани да ги преместат и наместат работите во закажаното време, најчесто работеле во вечерните часови.

На крајот, на изненадување на сите, тоа беше лежерна свадбена прослава, каде акцентот е ставен на забавата, а не официјалности.

Веднаш после прославата, сега веќе брачната двојка, замина на меден месец на Бора Бора.

За потсетување, тие се свршија во 2012 година, а Џенифер долго време беше на удар на таблоидите поради раскинувањето со Бренд Пит, за кое пак, причина беше Анџелина Џоли. „Кутрата Џенифер“ конечно се омажи. 

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.545 пати