Се ожени ѕвездата на Хари Потер

30 мај 2018

Доколку сте обожавател на филмовите за Хари Потер, тогаш сигурно се сеќавате на слаткиот и несмасен волшебник Невил Лонгботом кој беше еден од омилените ликови.

Се чини дека магијата продолжува за актерот кој го толкуваше неговиот лик, Метју Луис кој се ожени за неговата сакана Ангела Џонс на волшебна церемонија во Италија.

За венчавката згодниот актер носеше црн костим и пеперутка вратоврска, а неговата избраничка се одлучи за романтична блуза од тантела и долго тесно здолниште со висок струк.

Официјалната церемонија се одржа во прекрасна градина во Италија каде се собраа нивните најблиски за да ги чујат заклетвите.

Тој ја објави веста на Твитер со интересна објава која гласеше: „Го пропуштив концертот на Arctic Monkeys во Лос Анџелес за да одам да се оженам. Тие свиреа и во Италија, но жена ми ме натера да се венчаме наместо да ги слушаме“.

Актерот ја побара Ангела за жена само неколку месеци откако таа се разведе од првиот сопруг и целата постапка беше завршена. Двојката се запозна во 2016 година кога актерот бил на настан во студиото Универзал каде таа работела.

Луис важеше за еден од најслатките ликови во филмот, но ги зачуди сите со неговата неверојатна трансформација во секси и згодно момче во продолжението на филмот Harry Potter and the Deathly Hallows: Part II од 2011.

Објавено:
30 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.315 пати