Се разведува Џулија Робертс?!

28 ноември 2019

Светските таблоиди деновиве многу зборуваат за разводот на актерката Џулија Робертс и нејзиниот сопруг, режисерот Даниел Модер.

Како пренесуваат странските медиуми, Џулија го избркала сопругот од нивниот дом, на што претходела жестока кавга.

Актерката неодамна го прослави 52.роденден, за што сакаше да има голема забава. Но, Дени воопшто не бил заинтересиран за тоа, по што следеле обвинувањата дека не му е грижа за неа, како ни за нивниот брак.

„Џулија сакаше блескава забава за која би се потрудил нејзиниот сопруг. Го обвини дека воопшто не се труди, што не помина добро кај Дени. Тој често чувствува дека што и да направи не е доволно за неа и веќе му е преку глава од тоа. Нивниот брак пред јавноста е маска, бидејќи зад вратите, работите одамна не се добри“, пренесува магазинот „Ен-Ви“.

Кавгата повлекла и други нивни несогласувања, а кулминирала со неговото заминување, односно исфрлање до домот. 

Дел од медиумите велат дека двојката веќе подолг период се обидува да го спаси нивниот 17-годишен брак, но некако не успева во тоа.

Доколку нависитна дојде до разделба, се шпекулира дека во тој случај Џулија од него би барала 200 милиони долари. Од нивната љубов имаат три деца.

Но, потврда сè уште нема.

Од друга страна, извор близок на двојката за „Ју-Ес Магазинот“ изјавил дека написите не се точни и дека двојката не планира да се разведе.

„Секој брак има свои подеми и падови. Џулија е исклучително темпераментна, додека Дени е прилично смирен тип, но тие неизмерно се сакаат и ги почитуваат границите на другиот“, вели изворот, кој додава дека всушност поставувањето граници го сочувало нивниот брак, додавајќи дека семејството им е на прво место и дека често одат на семејни патувања со децата и се сосема посветени на својата приватност.

„Нивната љубов е длабока и постојано расте“, додава неименуваниот извор.

Медиумите досега повеќе пати се обиделе да ги разведат, но неуспешно. Каков ќе биде епилогот на оваа приказна која има две сосема спротивни страни останува времето да покаже, но дефинивитно е една од оние што ќе го одбележат крајо на 2019 година.

Објавено:
28 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.739 пати