Се родија Александар и Ела Клуни!

7 јуни 2017

Џорџ и Амал Клуни во вторникот изутрина им посакаа добредојде на нивните близначиња кои добија навистина интересни имиња – Александар и Ела.

„Утрово Амал и Џорџ им посакаа добредојде на Ела и Александар“, изјави портпаролот на двојката веднаш по раѓањето на близнаците, додавајќи дека дечињата се здрави и се чувствуваат одлично.

Нивниот портпарол изјавата ја заврши на духовит начин посочувајќи дека Џорџ е под седативи и би требало да закрепне за неколку дена.

Амал ги донела дечињата на свет во познатата болница London’s Chelsea and Westiminster. Според информациите во британските медиуми, тие платиле околу 11.000 долари за приватен апартман каде Амал добива 24 часовна нега и грижа од докторите.

Што се однесува до имињата што двојката ги одбра за нивните близнаци, медиумите пишуваат дека името Ела доаѓа од германското Алиа кое било ултра популарно во 17 – тиот век во Америка и Велика Британија, додека Александар е познато православно име.

Дел од болницата во која престојува Амал Клуни

По напуштањето на болницата, тие ќе престојуваат во нивниот нов дом во Беркшир, Англија, купен за неверојатни 14 милиони долари.

Џорџ и Амал Клуни за прв пат ја објавија веста дека чекаат близнаци во февруари годинава. Тие се запознаа во 2013 – та, а година подоцна се венчаа на прекрасна церемонија во Венеција.

Фото: Daily Mail 

Објавено:
7 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.869 пати