Се снима документарен филм за андрогениот модел Андреја Пејиќ

9 септември 2014

Популарниот модел Андреја Пејиќ кој неодамна направи промена на полот и од Андреј стана Андреја, на јавноста преку документарен филм ќе и го прикаже своето искуство од промената на полот. Филмот ќе опфаќа повеќе фази од неговиот живот, како периодот  додека живеел во српски бегалски кампови, па до гламурозниот живот и светската слава што сега ја ужива.

 

Во филмот тој говори за својата силна желба да стане жена, притисокот на медиумите и модната индустрија да остане маж, како и поддршката од семејството за своите екстремни одлуки. Филмот кој го режира Ерик Мичлет, пријател на Андреја е во фаза на снимање и се очекува својата перемиера да ја има кон есен од 2015 година.

 

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Сцена