Се врати колоритот на црвениот килим на „SAG“ наградите

22 јануари 2018

По „црниот" дрес код на „Златните глобуси", се врати колоритот на црвениот килим на престижните филмски награди „Screen Actors Guild Awards", што од друга страна апсолутно не значи дефокусирање од актуелизираниот проблем со сексуалното насилство.

Напротив, повторно овој проблем беше една од клучните теми на холивудските актерки во нивното излагање и во сценските говори на 24-те по ред „SAG“ награди, со што уште еднаш се покажа клучното влијание на движењата „Me Too" и „Time's Up".

Ако земеме во предвид дека овој настан важи за еден од предвесниците на Оскарите, тогаш во сериозна конкуренција е филмот "Three Billboards Outside Ebbing, Missouri" што ја освои главната награда за најдобар филм и заедно со „Shape of water", важат за најголеми фаворити за највисокото филмско признание.


Главната улога во филмот ја толкува Френсис Мекдорманд која го освои признанието за најдобра актерка, додека во истата категорија, за најдобар актер, наградата ја освои Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во „Darkest Hour".

Филмската легенда Морган Фриман пак, го освои престижното признание за животно остварување.

Помеѓу сите колоритни изданија на црвениот килим, се издвоија Маргот Роби во бела тоалета со пердуви од Miu Miu, Никол Кидман во елегантна тоалета на Armani Prive, како и Јара Шахиди во црн комбинезон на Ралф Лорен.

Како изгледаше остатокот од црвениот килим погледнете во галеријата.

Фото извор: USmagazine, Getty images, FilmMagic, WireImage

 

 

Објавено:
22 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
600 пати