Седум перфектни аутфити на Оливија Палермо од NYFW

14 септември 2016

Њујоршката модна недела покрај тоа што ни ги носи највозбудливите новитети од врвните дизајнерски имиња, секогаш е многу интересна да се анализира и од аспект на гостите што ја посетуваат.

Веќе години наназад, еден од омилените ликови за кои секогаш има резервирано место во првите редови, е современата модна икона Оливија Палермо.

На актуелната Модна недела во Њујорк, таа одбра совршени комбинации кои секако беа документирани низ фотографиите за највпечатливите гости.

Особено кај неа ни се допаѓа тоа што секогаш успева да направи совршен спој на луксузните и „high street" брендовите и притоа секогаш е поинаква, посебна и затоа и привлечна за медиумите и јавноста.
Во продолжение издвојуваме седум одлични комбинации што таа ги направи за време на тековната Њујоршка модна недела.

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.352 пати