Секси затвореникот Џереми Микс ѕвезда на ревијата на Филип Плеин

15 февруари 2017

Џереми Микс или попознат како секси затвореникот во кој преку ноќ се вљуби светската женска популација го имаше своето деби на ревијата на дизајнерот Филип Плеин во рамки на њујоршката модна недела. 

Тој стана светски популарен кога пред две години полицијата во Калифорнија објави негова фотографија на нивната Фејсбук страница. 

Микс беше обвинет за поседување оружје без дозвола, а по објавувањето на фотографијата тој потпиша договор со модната агенција White Cross Management.

По објавата во март минатата година, тој доби огромен број на обожаватели на социјалните мрежи кои едвај ги чекаа неговите нови проекти. 

На неговото манекенско деби во првите редови можевме да ги видиме Мадона, Кајли Џенер, Тифани Трамп и уште многу други девојки кои не можеа да го тргнат погледот од него. 

За среќа на сите присутни на ревијата, Џереми во еден момент се појави само со тренерки и црна шапка, а подеднакво секси беше и во целосните комбинации од новата колекција на дизајнерот. 

Погледнете ги фотографиите од првото појавување на ова згодно момче на њујоршката модна недела.

Објавено:
15 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.306 пати