Селебрити мајки во провокативно издание

1 јули 2016

Да си позната и популарна јавна личност, со себе носи бројни жртви. Некои се одлучуваат да се посветат сосема на кариерата, сакајќи да го стават приватниот живот на страна. Има и такви што успеваат да остварат и семеен живот. Некогаш трае неколку часа, некогаш со децении.

Но, има и такви што се свесни дека приватниот живот не може да се сокрие, па не се ни трудат претерано. Затоа, социјалните мрежи секојдневно се преплавени од тоа што прават познатите модели, пејачи, актерки итн, дали се на одмор, каде, како изгледаат...

Во последните неколку години, тренд стана и познатите мајки – во текот на бременоста или после тоа, да се сликаат во провокативни изданија.

Токму за тоа сведочат и фотографиите што ќе ги видите во продолжение, а се преземени од Инстаграм мрежата.

Аланис Морисет

Оваа пејачка и авторка ја има една од најневеројатните фотографии направени за време на бременоста. Под вода, сосема гола, со рацете ги покрива градите, а во фокусот секако е стомакот, во кој како открива, носи машко бебе. Инаку, таа има уште еден син, кој има 5 години, а под фотографијата објави и една негова неверојатна реченица: „ Мора да бидете исклучително нежни околу дамите, затоа што се најкорисните луѓе во светот, бидејќи тие прават личности“.

 

Тес Холидеј

Плус-сајз моделката е сѐ само не срамежлива. Периодов го очекува нејзиното второ дете, а тоа го сподели и со нејзините следбеници, правејќи „голо“ селфи. Ова предизвика бурни коментари и критики, меѓу кои и тоа дека таа е секако дебела и не се ни познава дека е бремена. „Јас ќе продолжам да живеам без да се извинувам било кому, тоа што расте во ова тело е доказ дека „хејтерите“ не се во право и можат само да се смеат бидејќи се игнорирани“, вели моделот.

 

Ким Кардашијан

Таа има голем број голи фотографии, па публиката веќе не ги ни доживува како некое изненадување. Сепак, кралицата на селфијата воодушеви со една од последните такви фотографии, направени извесен период после раѓањето на второто дете. Со свете раце го прегрнува своето тело, кое евидентно, а и според коментарите на нејзините бројни инстаграм следбеници (ги има повеќе од 69 милиони) е во совршена форма. Инаку, за потсетување, синот Сеинт го роди на 5-ти декември годинава.

 

Кортни Кардашијан

Како и сестра ѝ, и Кортни Кардашијан е фан на голи фотографии во црно-бела техника. Тоа што има тригодишен син не ја спречи да продолжи со објавување на провокативни фотографии и моменти од приватниот живот. Секако, изгледа одлично, но што друго и би правеле ваквите ѕвезди освен да изгледаат така како што изгледаат.

 

Хали Бери

 

Првата објава на Хали Бери на Инстаграм беше фотографија, на која таа е гола во горниот дел, но свртена со грб, во бамбусова шума. Фотографијата беше проследена и со коментар: „Ова е возбудлив ден за мене... Се радувам што ќе започнам да ги споделувам моите емоции и перцепции со светот преку фотографии“, напиша актерката, која е мајка на две деца – ќерката Нала и синот Масео.

 

Хајди Клум

Хајди Клум, мајка на четири деца, во ниту еден момент не ја запостави фигурата, која несомнено ѝ носи пари. Конкретно, оваа фотографија е направена пред снимањето на една од епизодите на „Проект писта“, на која дизајнерот Зак Посен ѝ ги крие градите.

 

Џена Деван Татум

Уште една ѕвезда – мајка што изгледа одлично во топлес издание е и Џена Деван Татум, која на Инстаграм направи шега на своја сметка, поточно на сметка на разлетаните прамени коса: „Речиси целиот живот го живеам со коса во лице“.

 

Кристина Агилера

Уште една позната дама што гордо го покажува своето тело за време на бременоста е и Кристина Агилера. Голата фотографија предизвика големо воодушевување меѓу нејзините Инстаграм следбеници.

Што мислите вие?

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
773 пати