Магазинот „Харперс Базар“ неодамна организираше забава која го носеше називот „Harper’s Bazaar  celebrates icons“ на која домаќин беше модната уредничка Карин Ројтфилд.

Тоа беше добра причина голем број познати личности да се појават на едно место. Од Каја Крафорд, преку Ники Минаж, Ким Кардашијан, до неповторливата Ајрис Апфел.

На светските медиуми посебно внимание им привлече двојката Селена Гомез и The Weeknd, на кои ова им беше второ заедничко појавување на црвениот килим.

За оваа пригода, Селена одбра неочекувано минималистичка комбинација. Се работи за кратко фустанче со ракави и ролка во беж нијанса, додека The Weeknd одбра кадифено палто со ревери украсени со кристали.

Инаку, двојката го имаше своето деби на црвениот килим на последното издание на Мет галата во мај годинава.

Во галеријата погоре пак ќе видите како изгледаа останатите ѕвезди гости на забавата.

Објавено:
11 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
491 пати
Извор: 
Harper's Bazaar