Селена Гомез искрено за болеста

8 октомври 2015

Кон крајот на 2013 година, младата ѕвезда Селена Гомез (23) ги откажа настапите, обраќајќи им се  на обожавателите дека ѝ е потребен одмор. Оттогаш се појавуваа бројни гласини, како причината е рехабилитација од разни зависности, депресија поради раскинувањето на врската со Џастин Бибер и слично.

Се појави и информацијата дека боледува од автоимуна болест Лупус, но таа никогаш не проговори јавно за тоа, сè до сега.

Во последното интервју за најновото издание на магазинот „Билборд“, Селена откри со што се соочувала во последниве две години:

-Тоа беше причина за моето повлекување и откажувањето на концертите кон крајот на 2013-тата. Можев да имам мозочен удар – вели Селена, која во тоа време имаше закажани концерти во Азија и Австралија, во рамки на турнејата.

За озборувањата дека е зависник и дека има емоционални проблеми поради врската со Џастин Бибер (21), вели дека се глупости.

-Тогаш посакав на сите да им кажам дека немаат врска од ништо и дека одам на хемотерапија за да ги ублажам симптомите на болеста. Одлучив да се сокријам од сите, сè додека не почнам повторно да се чувствувам сигурно во своја кожа и со самодоверба – објасни пејачката.

Исто така не крие дека таквите коментари ја повредиле:

-Јас бев со сите така добра, а тие беа злобни кон мене. Работам од седумгодишна возраст, а од 17-тата сум амбасадорка на УНИЦЕФ. Беше разочарувачки тоа што станав дел од таблоидни приказни.

Инаку, пејачката наскоро ќе го издаде својот втор албум, а како мотивација ја издвојува токму злобата на другите. Вели, тоа ја прави да биде уште подобра во тоа што го работи. Новото музичко остварување, кое ќе се појави кон крајот на следната недела,  ќе носи наслов Revival, а ќе му претходат два сингла – Good for you и Same old love.

Инаку, Лупус е автоимуна болест која може да ја зафати кожата, зглобовите, белите дробови, нервниот систем, а има мирни и активни фази. Се смета дека за појавата на болеста имаат врска и наследните, но и надворешни фактори. Најчесто настапува постепено и со различни симптоми, па затоа често е потребно долго време да се дијагностицира. Најчесто се манифестирасо знаци на кожата, зглобовите и стомачните органи.

Исто така, Селена не е единстената меѓу познатите што се соочила со оваа болест.

Во 2010-тата година Лејди Гага откри дека лупусот е дел од нејзиното семејство. Иако тогаш не покажуваше знаци на болеста, после тестирањето, се покажа дека е позитивна. Гага изјави како не е болна, но мора многу да внимава на себе и здравјето. Инаку, одлучила да се тестира откако почнала нагло да губи тежина и често губела свест на концертите.

Ник Канон (35), поранешниот сопруг на Мараја Кери во 2012-тата година му откажаа бубрезите, што излезе дека е последица на лупус. Ник во една пригода изјави дека успева да се бори со болеста, бидејќи е борец и размислува позитивно.

Тони Брекстон

Пејачката Тони Брекстон (48) за борбата со лупусот проговори пред пет години, а во 2012 година беше хоспитализирана поради пад на имунолошкиот систем. Белезите на музичарот Сил (52) се исто така последица на лупус, кој влијае на кожата и влакната.

Меѓу заболените од оваа болест беше и починатиот Мајкл Џексон, на кого му е дијагностицирана во 1986 година. Токму поради тоа, тој често носеше очила за сонце, шалови и шапки, со кои се криеше од сонцето.

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
14.399 пати