Селена Гомез смени шест комбинации во еден ден

6 декември 2017

 Во Лондон неодамна се одржаа Британските модни награди, а меѓу присутните беше и Селена Гомез.

Младата ѕвезда за таа пригода се појави во креација на брендот „Coach“, но тоа не беше нејзиното единствено издание за време на престојот во Лондон.

Селена на 3-ти декември, пристигнувањето во Лондон

За еден ден Селена смени шест комбинации, а во сите изгледаше беспрекорно.

Вакво модно шоу претходно ни претстави Блејк Лајвли во Њујорк во октомври, кога смени дури седум комбинации.

Во продолжение погледнете ги овие на Селена и кажете ни, која комбинација најмногу ви се допаѓа?

 

#1 Пристигнување во „Би-Би-Си“ радио 

Селена носи црна креација од „Проенза Скулер“ во комбинација со бела ролка и очила за сонце од Кејт Јанг.

 

#2 Напуштање на хотелот

Селена носи син фустан  „Cushnie et Ochs“, со голи раменици во комбинација со очила за сонце од Кејт Јанг и чевли со панделка од брендот „Trademark“.

 

#3 Во Kiss FM Студио

Пејачката носи цветен фустан со потпис на Исабел Марант во комбинација со црвени чевли од Мансур Гавриел.

 

#4 Во Мајфер

Селена носи црна транспарентна ролка, куси панталончиња, карирано палто од „Fay Brand“ и црвените чевли од претходната комбинација.


#5 Во „Корнитија“ хотелот во Лондон

Младата ѕвезда носи транспарентен црн фустан со црвени детали, креација на „Coach“ и високи чизми на врзување.


#6 Британски модни награди

Селена носи фустан од „Coach“ повторно, посебно направен за неа, во комбинација со високи бели чизми.

 

фото извор: eonline.com; elle.com; cosmopolitan.com.au;

Објавено:
6 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
884 пати