Селин Дион фантастична во металик-сребрен костум

24 јануари 2019

На модната недела посветена на Високата мода во Париз, гостите на ревиите се исто толку фасцинантно стилизирани, колку што се гламурозни и самите дизајнерски колекции.

Последниве неколку години Селин Дион прикажа една поинаква страна на нејзиниот стил, која светот на модата ја обожува. Таа се трансформираше во современа модна икона која сега го привлекува вниманието со секое појавување. Така беше и овој пат, на неделата на Висока мода во Париз, каде таа се појави како гостинка на модното шоу на Роналд ван дер Кемп.

Музичката и модна дива, носеше дводелен металик-сребрен костум со скулптурален крој, потпишан од Кемп.

Изгледа вонсериски, се согласувате?

Фото: Getty images

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.048 пати