Селма Хаек е доказ дека стилот не се купува со пари

27 февруари 2019

Актерката Селма Хаек важи за една од најубавите жени, или најегзотичните. Од фотографиите што ги објавува на својот инстаграм профил, може да се забележи дека и во 53-тата година од животот таа изгледа одлично, на негува и својата убавина, но и својот сексапил.

Сепак, кога се работи за модни комбинации, честопати знае да се најде на листата на најлошо облечени од некој настан.

Неодамна беше на ревијата на Сен Лоран во Париз, каде се одржува во моментов модната недела, и се појави во не така успешна комбинација која подразбира џинс со малку ѕвонести ногавици, зелена кошула со принт, панделка и брош, црвено кадифено палто и ист таков шешир. Згора на сè, ја имаше несреќата да се откопчаат две копчиња од фармерките и така да го помине речиси цел настан.

Нејзиниот сопруг, Франсоа Анри Пино е еден од челните луѓе на групацијата „Керинг", во која се наоѓаат некои од најпознатите брендови - Гучи, Баленсијага, Сен Лоран, Александар Меквин и други...

Токму креациите на „Гучи" се нејзин чест, но не секогаш успешен избор.

Сите се сеќавате на виолетовиот фустан со принт и скапоцен накир на рамениците од минатогодишните „Оскари“, кога апсолутно беше прогласена за најлошо облечена.

И покрај тоа што сè ѝ е достапно, нејзиниот сопруг е милионер, а и самата е остварена личност, сепак не успева модно добро да се снајде.

Згора на сè, препознатлива е и по големите гради, кои често ги нагласува на многу погрешен начин. Нејзиниот личен стил подразбира еклектика, која се граничи или преминува во невкус. 

Таа секогаш одбира креации со многу сјај, многу принт, брошеви, секогаш има украс вишок. Посмирените комбинации се секогаш подобар избор за неа, и има и такви успешни изданија, но очигледно динамичната естетика за неа е позабавна и подобро се чувствува во неа, иако модните критичари не се согласуваат со тоа.

На крајот, како што ќе каже во една пригода, во шестата деценија од животот сака да ужива и воопшто да не се оптоварува со тоа дали има некој килограм повеќе или совршен стајлинг, што и го потврдува со своите појавувања.

 

фото извор: us.hola.com; dailymail.co.uk; zimbio.com; hawtcelebs.com; aceshowbiz.com; 

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.037 пати