Селма Хаек сензуална во едиторијал за рускиот Harper’s Bazaar

5 септември 2014

Селма Хаек ја краси насловната страна на септемвриското издание на рускиот магазин Harper’s Bazaar, а низ страниците на изданието ја гледаме сензуалната актерка во едиторијал за кој е  облечена во Гучи, Фаусто Пуљизи и други познати дизајнерски имиња. Фотографиите се дело на Хави Гордо, а зад стајлингот се потпишува Елизабет Стјуард. Егзотичната актерка која важи за една од најубавите жени во светот, носи парчиња кои ја прикажуваат во елегантна конотација, со соодветно прекривање на облините и ставање на женственоста во преден план.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Сцена