Шајло е копија на Бред Пит

16 септември 2017

На актуелниот филмски фестивал во Торонто, Анџелина Џоли се појави во придружба на петте деца. Медокс го немаше, но вниманието беше свртено на останатите браќа и сестри - Захара, Шајло, Пакс, Нокс и Вивиен. 

Со оглед на нивниот развод и разните шпекулации во јавноста, фамилијарното појавување на Џоли беше топ вест насекаде низ светот.

Но, медиумите не ја пропуштија шансата да забележат колку малата Шајло всушност личи на својот татко Бред. Всушност, таа е негова копија. Со усните, обликот на лицето, како и фризурата неодоливо потсетува на Пит од 1990-тите да речеме.

Инаку, Шајло веќе одамна е најинтересна за медиумите, од сите деца на Џоли и Пит, бидејќи уште од најрана возраст ја гледаме во машка облека. Нејзините познати родители изјавија дека таа самата одбива да биде облечена во фустан или здолниште и дека тие ја почитуваат нивната желба, бидејќи веруваат дека е минлива фаза.

Но, можеби и не. Пред две годнини се појави и вест дека славната двојка се распрашува и за постапката за промена на полот.

Оттогаш не се појавија никакви други информации за тоа. Шајло во мај годинава наполни 11 години.

 

фото извор: popsugar.com; 

Објавено:
16 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.002 пати