Шакира го добива целото медиумско внимание

11 март 2014

Таа е девојка што го маѓепса медиумскиот етер, сопруга на мегапопуларниот фудбалер Пике, мајка на прекрасно синче и една од најегзотичните пејачки, Шакира. За неа се резервирани  не  една, туку  три насловни страни, од кои две за месец април и една за март.

37-годишната грациозна Колумбијка ќе се најде на мартовската насловна за списанието „Billboard“, едицијата ќе биде  во продажба од 15-ти март, а на коверот ќе ја видиме  облечена во бела маичка на кратки ракави. Тоа не е се , пејачката ќе се појави на априлската насловна од  списанието „Latina magazine“, во малку поформален изглед, бело сако, права коса и шармантна насмевка, но исто така и на насловната од  априлската едиција на „People En Espanol“ во секси зелен фустан без ракави.

Шакира покажа дека е вистински моден камелеон, успевајќи да се адаптира на различните стајлинзи за потребите на едиторијалите.

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Сцена