Шарена мода на Teen Choice Awards

17 август 2015

Вчеравечер во Лос Анџелес, Калифорнија традиционално беше одржан Teen Choice Awards каде главниот збор во изборот на најдоброто од шоу бизнисот го имаат тинејџерите.

Со над 25 милиони гласови преку социјалните мрежи: Фејсбук, Твитер и Инстаграм, младата публика ги одбра своите фаворити.

Меѓу нив беа и „Furious 7" за најдобар филм, за најдобар актер постхумно беше избран Пол Вокер кој ја имаше една од главните улоги во истиот филм, додека за најдобра актерка беше избрана младата Шајлин Вудли за носечката улога во „Insurgent".

За најдобар машки музички артист, тинејџерите го одбраа Ед Шеран, додека за женски Деми Ловато. Од музичките состави пак, за најдобар машки бенд ги избраа One direction, a женски состав со најмногу освоени гласови беше Fifth Harmony.

Во однос на модниот избор пак, на популарниот син килим продефилираа креации во различни фазони. Од едноставни и еднобојни кратки фустанчиња во пастелни нијанси, до дводелни комбинации со флорални принтови и комбинезони во бохо стил.

Во галеријата во продолжение погледнете го стилскиот избор на познатите.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.372 пати