Шарлиз Терон и Бред Пит се во врска?!

21 јануари 2019

Британскиот весник „The Sun“ вчера ја сподели веста дека новата позната двојка во шоу-биз светот се Шарлиз Терон и Бред Пит.

Како е наведено во текстот, актерите се запознале благодарение на поранешниот сопруг на Терон, Шон Пен и оттогаш се пријатели.

Според „The Sun“, романсата трае веќе еден месец, а двојката е видена и на заеднички настан во Лос Анџелес, каде било забележително дека се повеќе од пријатели.

Извори велат дека таа веќе била гостинка во неговиот дом, но сè уште не се запознала со шесте деца кои ги има од бракот со Анџелина Џоли. 

Ова е негова прва романса после разводот со актерката, а во мај минатата година изјави дека престанал со пиењето и се лекува од алкохолизам, што и била главната причина за разделбата со Џоли. После двегодишна борба за старателство, во април Пит конечно доби можност да ги види децата.

Од друга страна, последната јавна врска на Терон беше со Шон Пен, со кого беше и сврштена, но свршувачката ја откажаа во јуни 2015 година.

 Потврда за врската помеѓу Бред и Терон сè уште нема, но ова е доволно за да бидат под будното око на медиумите за кои ова е вест број еден и денес.

 

фото извор: foxnews.com;

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.264 пати